Политика на приватност
MyDarbo е посветен на заштита на вашите лични податоци и безбедно користење на системот.
1. Собирање на лични податоци
За користење на профилот, MyDarbo собира неопходни податоци за автентикација (корисничко име, е-маил и хеширана лозинка) како и податоци поврзани со трансакциите со цел правилно управување со плаќањата.
2. Користење на податоците
Податоците се користат исклучиво за обезбедување на функционалноста на системот, вклучувајќи обработка на плаќања, преглед на трансакции и известувања поврзани со вашите сметки.
3. Пријава на дефект
Кога пријавувате дефект, податоците што ќе ги внесете (име и презиме, адреса, стан, телефон, е-маил и порака) се праќаат по е-пошта до службата на Дарбо Груп за да се реши пријавата и не се зачувуваат во базата на MyDarbo. За заштита од злоупотреба, IP адресата од која е испратена пријавата се запишува во логовите, кои се чуваат до 30 дена.
4. Безбедност
MyDarbo применува современи безбедносни мерки, вклучувајќи енкрипција и сигурни протоколи за автентикација, со цел да се спречи неовластен пристап до вашите податоци.